еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски му одговори на Мицкоски: Уцени не прифаќам, нема потреба од средба за избори

По повикот од лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за средба на која ќе се договори датум за предвремени парламентарни избори, на Фејсбук се огласи премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

“Јас кажав повеќе пати и пак ќе кажам, уцени не прифаќам. Ова е втор пат како Мицкоски се обидува да ме уценува, а добро знаеме како заврши првиот пат. Неговите себични политички амбиции мене не ме засегаат, туку интересот на граѓаните и државата.

Како Влада имаме многу одговорна работа, а тоа е менаџирање на најголемата економска криза по втората светска војна. Ниту се потребни средби за избори, ниту се потребни избори, туку одговорно делување на сите политички партии. Потребно е функционално Собрание за носење закони и рационално трошење на буџетот во овие кризни времиња.

Но, тоа Мицкоски очигледно не го интересира, бидејќи никогаш не го интересирале граѓаните и нивните потреби, туку само неговата политичка кариера. За среќа, ние сме одговорна партија и Влада која нема да дозволи ваквите желби на опозицијата да значат штета по граѓаните, несигурност, трошење на огромни буџетски средства и нови кризи.

Што се однесува до заканите за некаква радикализација, му порачувам уште еднаш дека како што не прифаќам уцени, уште помалку реагирам на закани. Деструктивноста е одлика и заштитен знак на Мицкоски и неговата партија, но тоа граѓаните го гледаат и препознаваат и таквите најави верувам дека силно ги осудуваат.

Владата е стабилна и одговорно владее, а најавите на Мицкоски се одраз на немоќ и безидејност за конструктивност.

Ако сакаше било што конструктивно да направи досега ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да го направи. Наспроти тоа, тие произведуваат лажни вести, дигаат хистерија и партиски мобилизираат протести. ВМРО-ДПМНЕ прави се друго освен реална и конструктивна политичка работа“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски му даде рок на Ковачевски до 10. мај за да се договорат за датум за предвремени избори, ако одбие „ќе следат сериозни и досега непреземени чекори“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Марк Јорис неколку дена е исчезнат при планинарење, МВР бара помош за каква било информација

Редакција

Солидарен данок не платиле 52 компании, ќе им бидат блокирани сметките на 24. ноември

Редакција

Четириесет и шест годишна жена од Јажинце почина од корона вирусот, тетовскиот регион со нови 11 случаи

Редакција