еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Бројот на убиени цивили во Украина надмина 3.000, соопшти Канцеларијата на ОН за човекови права

Канцеларијата на ОН за човекови права денеска соопшти дека бројот на цивили убиени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари надмина 3.000.

Од петокот, бројот на загинати се зголеми за 254 на вкупно 3.153.

Организацијата наведе дека вистинската бројка е веројатно значително поголема, нагласувајќи дека е тешко да се добијат податоци и да се потврдат.

„Повеќето од жртвите се убиени со експлозивно оружје со голем дострел – во ракетни напади и воздушни напади“, соопшти канцеларијата на ОН, без да се препише одговорност.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Они им ги бројат чашите, ние им ги плаќаме“: Вицепремиерот Николовски на „тапет“ на Твитер

Редакција

Општина Тетово склучи договор со “Ереу транс“ вреден над 1 милион евра

Редакција

Убава вест: Оздравени 397 болни од Ковид-19

Редакција