еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Путин му се извини на Израел за скандалозната изјава на Лавров за Хитлер и Евреите

Рускиот претседател Владимир Путин му се извини на израелскиот премиер Нафтали Бенет за неодамнешната скандалозна изјава на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи во интервју за италијанска телевизија во неделата изјави дека нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер има еврејски корени, додавајќи дека „најжестоките антисемитисти обично се Евреи“.

Следуваше бесна реакција на Израел.

Шефот на израелската дипломатија изјавата на Лавров ја нарече „непростлива и скандалозна“, а на разговор беше поканет и рускиот амбасадор во Израел. Израел притоа побара извинување од Русија.

Според израелскиот новинар Барак Равид, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на израелскиот премиер, Владимир Путин вчера му се извинил на израелскиот премиер Нафтали Бенет за изјавите на Сергеј Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров изјави дека Хитлер имал еврејско потекло, Израел се налути

МИА/Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украдени 40 милиони евра: Голем корупциски скандал за набавка на оружје во Украина

Редакција

(Галерија) Заев и СДСМ се најголеми непријатели на правдата: Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Бил Гејтс: Теориите на заговор за вакцината за корона вирусот се бизарни

Редакција