еМагазин
Image default
Бизнис

Вкупната трговска размена во првиот квартал 5,354 милијарди долари

Вкупната стокова размена во првите три месеци од годинава изнесува 5.354.410.000 долари.

Пораст има и кај извозот и кај увозот.

Според денешните објавени податоци на Државниот завод за статистика, во овој период вкупната вредност на извозот на стоки е 2 милијарди 174 милиони и 918 илјади долари и бележи пораст од 8,6 проценти во споредба со истиот период лани, а вредноста на увeзената стока изнесува три милијарди 179 милиони и 492 илјади долари, што е за 20,4 проценти повеќе.

Трговскиот дефицит изнесува една милијарда 4 милиони 574 илјади долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1.

Во увозот најмногу се застапени електричната енергија, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во првиот квартал годинава според вкупниот обем на надворешнотрговската размена државава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Листа на должници на УЈП: Јавни претпријатија меѓу рекордерите по неплатен данок

Редакција

Раст на извозот од технолошко индустриските зони во јануари од 34%

Редакција

Решен проблемот со парното во Скопје Север

Редакција