еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Под прагот на сиромаштија во 2020 година живееле 451.900 граѓани

Бројот на сиромашни граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија во земјава во 2020 година изнесувал 451.900, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика.

Според Лаекенските индикатори за сиромаштија, стапката на сиромашни лица во 2020 година изнесувала 21,8 проценти.

Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 20,7 проценти, стапката на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 7 проценти.

Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31,4 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов рекорд: 300.000 луѓе низ светот заболени од Ковид-19 за еден ден

Редакција

Бугарија е најголема закана за Македонија, покажува анкетата Еврометар 2023

Редакција

Петти роман на Јован Илиески „Соба 610“: Колку ќе го чини злосторникот ако биде жртва на сопствениот хаос?

Редакција