еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Ѓоковиќ долго време чувствувал психолошки проблеми по депортацијата од Австралија

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ проговори за тоа што му се случило откако бил депортиран од Австралија поради тоа што не бил вакциниран против коронавирусот.

– Да бидам искрен, на почетокот ја потценив мојата емоционална состојба. Мислев дека по напуштањето на Австралија, ќе продолжам нормално. Но, потоа, уште неколку месеци, ги чувствував емоционалните и психолошките одгласи на она што се случи.

Во последно време почнав да се опоравувам, сето тоа го оставив во минатото и го претворам во гориво и позитивна енергија, изјави Србинот за „Tennis Majors“.

Ѓоковиќ го пропушти Грен слемот Австралија опен. Тој беше депортиран од Австралија на 16 јануари. Исто така доби забрана да ја посетуваат земјата три години. Австралиските власти на 14 јануари му ја укинаа визата на српскиот спортист и одлучија да го депортираат.

Ѓоковиќ беше елиминиран во полуфиналето на АТП турнирот во Мадрид од страна на шпанскиот тенисер Карлос Алкараз.

МИА/Фото: Инстаграм/Ѓоковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Лазаров: Ова не е бран, ова е цунами, сите ќе имате можност да се уверите

Редакција

Хан му порачал на Заев: Не се потребни избори, туку двотретинско мнозинство во Собранието

Редакција

Несреќа во Бугарија: Возачот во притвор, две деца пренесени на лекување во Софија, на еден патник му е ампутирана ногата

Редакција