еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Курц доаѓа во Македонија пред референдумот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја во моментов претседава со ЕУ, на 7 септември ќе ја посети Македонија, на три недели пред закажаниот референдум за промена на името, со кој треба да се реши спорот со Грција.

Курц во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.

При последната посета на Заев на Виена, на крајот на јуни, Курц упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за новото име „Северна Македонија˝.

– Договорот околу името на државата со Грција е одлучувачки напредок во процесот на приближување на Македонија до ЕУ, истакна Курц.

Според него, постигнувањето напредок за европската перспектива е еден од приоритетите на австриското претседавање со ЕУ.

-ЕУ не е целосна без државите од Западен Балкан, подвлече Курц.

Тој за австриските медиуми најави дека со премиерот Заев сака да разговара за напредокот во скрининг процесот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) За Османи не е проблем Бугарите во Македонија да бидат споменати и во Уставот

Редакција

(Видео) Можат ли камерите на граничните премини да откријат од каде пребегнал Груевски?

Редакција

Рускоска не знае дали се подготвува барање за Јанева да излезе од притвор поради многу нарушено здравје

Редакција