еМагазин
Image default
Македонија

Лидерска средба заснована на уцени и закани нема да има, најавата за блокада на Собранието е за политички цели на ВМРО-ДПМНЕ, вели Ковачевски

Лидерска средба може да има, но за прашања кои се стратешки, за прашања кои значат подобар живот на граѓаните и кои значат за справување со енергетската криза. Меѓутоа, лидерска средба заснована на уцени и закани, а го гледаме претседателот на ВМРО ДПМНЕ одбројува како во некој лош акционен филм, таква лидерска средба нема да има, тоа е ставот на сите политички партии, дури и од партии кои се во опозициониот блок, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје каде ќе се одржи Отворен ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“.

Тој за најавата за блокада на Собранието од страна на најголемата опозициска партија рече дека е неодговорна и е за политички цели.

-Барањето на опозицијата за лидерска средба за предвремени избори е неодговорно затоа што со блокирање на Собранието, во време на војна и во време кога цените на енергенсите и храната постојано растат, во време кога не може да се обезбеди транспорт на жито од Украина, каде што силосите во Украина се преполни, но поради тоа што се неупотребливите пристаништа во делот на Одеса и не може да се изнесе од Украина, во такви услови да барате предвремени избори е неодговорно и е за политички цели, истакна Ковачевски.

Собранието е местото каде што се носат и се унапредуваат законите, нагласи премиерот и порача дека не смее да се дерогира работата на Парламентот преку одржување на лидерски средби, на кои на политичко ниво, без никаква дебата би се разговарало за теми од оперативен карактер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Да договориме датум за избори, само со нова Влада државата ќе излезе од криза

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Црн ден“ за смртноста од Ковид-19: Починати дури 30 лица

Редакција

Хан: Јас сум убеден дека исходот од референдумот ќе биде позитивен

Редакција

Лидерот на „Има таков народ“, Трифонов реагира оти Бугарија испратила помош за пожарите во Македонија

Редакција