еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор

Националниот координатор д-р Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори заедно со екипите од Клиниката за Неврохирургија, КАРИЛ, Рендген институтот, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за кардиологија и хируршките клиники за Урологија и Ортопедија викендов успешно ја прават третата по ред трансплантација од почетокот на годинава, информира Министерството за здравство.

На Фејсбук-профилот од Министерството соопштија дека и двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донатор чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите.

Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пациенти кои се лекуваат на Клиниката за Ортопедија, информира Министерството за здравство.

– Благодарност до семејството на пациентката, особено до нејзината млада храбра ќерка чија храброст, хуманост и добрина ни донесоа ден полн надеж и живот за најмалку двајца пациенти. Уште еднаш големо сочувство за нивната загуба и благодарност за нивната хуманост, велат од Министерството за здравство.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Солун како во новогодишна бајка

Редакција

Блеф или ризична игра: Која албанска партија ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ?

Редакција

(Видео+фото) Еден загинат и еден исчезнат во поплавите во грчкиот град Волос

Редакција