еМагазин
Image default
Локално

Мотоциклист од Охрид загина кај Косел

Љупчо Ј. (32) од Охрид загина во сообраќајна несреќа што вчера попладнето се случи на магистралниот патен правец Охрид  – Ресен, кај селото Косел.

Тој во својство на мотоциклист на критичното место изгубил контрола врз мотоциклот и удрил во задниот дел на автобус со кочански регистерски таблички, запрен покрај патот и надвор од коловозот. Екипата на Службата за итна медицинска помош само го констатирала фаталниот исход од несреќата за младиот моторциклист.

– На местото на сообраќајната незгода, увид изврши дежурен Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид како и овластен судски вештак. За време на увидот сообраќајот не беше запрен односно беше наизменично регулиран во двата правци, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција, како и вонреден технички преглед на паркираниот автобус.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несекојдневен случај: Тешко повреден велосипедист откако удрил во паркирано возило

Редакција

Претрес во Радовиш, приведен дилер на дрога

Редакција

Татко осомничен за полов напад врз неговите три деца во Битола

Редакција