еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема усогласен документ со Бугарија, не се врзуваме со датуми, вели Ковачевски

Министерствата за надворешните работи на Северна Македонија и Бугарија комуницираат, но немаат усогласено документ кој може да биде основа за носење одлуки во двете држави, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Брако“ во Велес, Ковачевски истакна дека на земјава и треба решение кое ќе биде прифатено во двете држави и за кое ќе постои консензус.

-Што се однесува до јуни како некаков датум, точно е дека тогаш ќе има Самит на ЕУ, но ние воопшто не се врзувавме со датуми зашто ни треба решение кое ќе биде прифатено во двете држави и за кое ќе постои консензус, бидејќи тоа треба да биде основа за градење на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија во иднина, како меѓу себе, така и во рамки на ЕУ, потенцира Ковачевски на прашањето со какви пораки се враќа од Брисел и дали има поголем оптимизам сега за придвижување на работите во јуни.

Ковачевски потврди дека со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел разговарал за проширувањето на ЕУ и за статсуот на преговорите со Бугарија. Во овој контекст повтори дека преговорите се водат принципиелно, врз основа на европските вредности, врз основа на достоинство и почит меѓу политичарите.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест новозаболени од корона вирусот во Куманово и еден во Липково

Редакција

Амбасада на САД за договорот со Бехтел и Енка: Ако има несоодветни активности тие треба да се истражат

Редакција

Чаир се ближи до 400 активни случаи на Ковид-19: Како изгледа бројот на заразени по скопските општини

Редакција