еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Непознатиот хепатитис кој ги напаѓа децата регистриран и во Грција

Кај три деца во Грција, на возраст од 14 и 18 месеци и десет години, бил потврден хепатитисот што веќе е регистриран во неколку земји, а не е позната причината и ги напаѓа децата до 16 години, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) соопштија дека трите случаи ги исполнуваат критериумите на Светската здравствена организација „за веројатни случаи“, а две од децата (14 месеци и десет години) имале симтоми (болки во стомакот, повраќање и треска), како и зголемени трансаминази, додека пак третото дете, 18-месечно било асимптоматско, но исто така со покачени трансаминази.

Сите деца биле тестирани за вирусен хепатитис А-Е и резултатите биле негативни.

Две од децата биле хоспитализирани само неколку дена, не постоеле никакви компликации, не примале посебна терапија и се во добра здравствена состојба, а за третото не била потребна хоспитализација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се пренесува и како да се заштите од новиот хепатитис којшто ги напаѓа децата

Кои се симптомите на непознатиот хепатитис кој ги напаѓа децата

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО формира нов тим за истрагата за потеклото на коронавирусот

Редакција

„Телекабел“ прослави 23 години работа на македонскиот пазар

Редакција

Вработувања во Македонски железници Инфраструктура

Редакција