еМагазин
Image default
Македонија

Се испитува постапувањето на полициските службеници во врска со поплаката од едно лице против новинарката Соња Делевска, велат од МВР

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди го испитува постапувањето на полициските службеници во врска со поплаката од едно лице против новинарката Соња Делевска од медиумот sakamdakazam.mk.

„Потенцираме дека нема никаков поднесок против новинарката од страна на МВР, ниту пак таков поднесок ќе има. МВР во изминативе години гради партнерски однос и со новинарите и со новинарските здруженија и комплетно сме посветени на постојано унапредување на соработката, што е постојано потенцирано и од новинарите и од релевантните организации.

Комплетно ја поддржуваме слободата на говорот и таквата пракса продолжува и во иднина,“ се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР да спроведе итна внатрешна истрага за случајот со новинарката Делевска, велат од ЗНМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од февруари ќе се применува постапка на лотарија за термини за визи за Германија

Редакција

Нови 406 случаи на Ковид-19, во Скопје 184

Редакција

Обвинителката Русковска: Собранието нека му ја мисли ако избегаат Вељаноски и Димовски

Редакција