еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Двајца македонски судии ќе судат на Европско првенство во фудбал до 17 години

Македонските фудбалски судии Игор Стојчевски и Даниел Василевски ќе ја делат правдата на Европското првенство до 17 години, кое во организација на УЕФА, започнува денеска во Израел.

Стојчевски е назначен за главен судија, додека Василевски за еден од неговите помошници на дуелот што вечер ќе се игра во Лод меѓу Бугарија и Холандија во рамки на групата Б.

Европското првенство за фудбалери до 17 години се врати во календарот на УЕФА по две годишна пауза поради пандемијата на коронавирус.

Титулата ја брани Холандија, а финалето е на програмата на 1 јуни во Нетанија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И по еден месец, без одговор на куп прашања за „Рекет„

Редакција

Цената на дизелот се намалува за 5 денари, на бензините од 3,5 до 4 денари

Редакција

Поднесено обвинение за Антонио Милошоски за предметот „Моќник”

Редакција