еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Од 1 јуни во Грција привремено се укинува задолжителната маска и во затворено

Од 1 јуни привремено се укинува задолжителната маска и во внатрешните објекти во Грција, со исклучок на болниците, домовите за стари лица и јавниот градски сообраќај, соопшти попладнево министерот за здравство Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина.

Плеврис рече дека одлуката е по препораката од надлежната комисија на епидемиолози и ќе важи до 15 септември 2022 година.

Маската повеќе нема да биде задолжителна за затворените простори, но и за авионите и за превозните средства со нумерирани седишта, како што се возовите и меѓуградските автобуси.

Министерот за здравство на Грција објасни дека маската и понатаму ќе биде задолжителна во болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, како што се автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите.

За употребата на маската во образовните институции и во бродскиот сообраќај, Комисијата на епидемиолози, како што рече Плеврис, ќе одржи нов состанок следната седмица.

-Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории, рече Плеврис.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Крв да ни се стори“ е танц на копнеење во двојка, вели Каролина за најновата музичка соработка со Пијан славеј и Дуке Бојаџиев

Редакција

Првата македонска компанија за правење тортилји „Бејкинг фектори“, долгорочно ќе донира производи на Црвен Крст

Редакција

Во Собранието продолжува расправата за избор на новата влада

Редакција