еМагазин
Image default
Македонија

Македонската министерка Петровска во Бугарија, ја пречека бугарскиот колега Заков

Бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков денеска ја пречека министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Славјанка Петровска, јави дописникот на МИА од Софија.

Посетата на министерката Петровска на Софија, според бугарскиуте медиуми, е продолжение на контактите на високо ниво започнати на почетокот на годината во обид за нормализирање на односите меѓу двете земји во контекст на евроинтеграциите на Република Северна Македонија и ветото наметнато прво од Франција, а потоа и од Бугарија од 2020 година.

Македонското Министерство за одбрана соопшти дека Петровска во Софија ќе се сретне со својот бугарски колега, министерот Драгомир Заков, а во бугарското Собрание ќе има средба и со раководството на парламентарната комисија за одбрана.

Таа ќе има средба и со двајца офицери на Армијата на Република Северна Македонија кои во моментов се на високо воено школување на Воена академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски“ во Софија.

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Етикетирањето на медиуми од страна на Ахмети е опасно, регираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници

Редакција

Повеќе се жени: 44,5 години просечна возраст на заболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

Дардишта од ДУИ се закани со војна

Редакција