еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во се поголем број држави во светот се појавуваат случаи со мајмунски сипаници

Мајмунски сипаници, кои се карактеристични за оддалечените делови на централна и западна Африка, се повеќе се појавуваат во Европа, САД, Австралија, а во Канада се истражуваат 13 сомнителни смртни случаи.

Според Светската здравствена организација, оваа ретка вирусна инфекција се манифестира со треска, осип, и отечени лимфни јазли, а во ретки случаи, може да доведе до бројни медицински компликации.

Повеќето луѓе имаат поблаги симптоми и заздравуваат за неколку недели.

Мајмунските сипаници се пренесуваат преку близок контакт со заразено лице, животно или материјал контаминиран со вирусот и се во групата на малите сипаници.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Дали победникот на Евровизија шмркаше кокаин во бекстејџ: „Манескин“ велат дека се подготвени да се тестират

Редакција

Твитер го „подбра“ Филипче: „Не излегувајте кога е загадено, јадете ГМО“

Редакција

Груевски „удри“ и на Милошоски: За него има многу што да кажам

Редакција