еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Петков го повика Радев да свика Совет за национална безбедност за преговорите со Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот на државата Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков рече дека бугарската влада нема да направи ништо без широка национална согласност и усогласено со коалицискиот договор на владејачката коалиција во земјата.

Петков рече дека во Консултативниот совет за национална безбедност учествуваат сите партии, сите служби и претседателскиот кабинет и го повика Министерството за надворешни работи да достави извештај за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Македонија. Тој побара за овој извештај да се расправа и на редовниот коалициски совет следната недела.

Бугарскиот премиер потврди дека владата нема да направи ништо врз основа на надворешен притисок и пред целосно разбирање на ниво на коалициски совет, длабока дискусија во Консултативниот совет за национална безбедност и јасен и потврден став на највисокото тело во бугарскиот парламент.

Според премиерот Петков, конечниот легитимен мандат на темата Македонија го има единствено Народното собрание на Бугарија и, како што рече, тоа треба да биде апсолутно јасно на целото бугарско општество и на надворешните партнери на земјата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија треба да покаже на сите нивоа на политичко делување дека се залага за интеграција на регионот во ЕУ, вели Ковачевски

Редакција

„Што знае МЕПСО што е просечна плата„: Твитер реакции

Редакција

Кавадарци се збратими со украинска Буча

Редакција