еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Путин: Ќе ја решиме меѓународната криза со храна, ако Западот ги укине санкциите

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со италијанскиот премиер Марио Драги нагласи дека Москва е подготвена да даде значителен придонес во решавањето на меѓународната криза со храна, но само доколку Западот ги укине санкциите, соопшти Кремљ.

Путин истакна дека Русија е подготвена да извезува жито и вештачко ѓубриво за да се справи со кризата. Тој, исто така, посочил дека Русија е подготвена да продолжи со непречено снабдување со гас за Италија.

Путин зборуваше за тековните напори за воспоставување мирен живот во ослободените градови Донбас, се наведува во соопштението на Кремљ.

Во соопштението се истакнува и дека Путин детално зборувал за преземените чекори за безбедна пловидбата, секојдневното отворање на хуманитарни коридори за заминување на цивилни бродови од пристаништата во Азовско и во Црно Море.

Кремљ наведува дека Путин во разговорот со Драги „ги изнел и принципиелните оценки за преговарачкиот процес, што Киев го замрзна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД го одбија предлогот на Путин за укинување на санкциите кон Русија

МИА/Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Употребата на социјални медиуми ќе се регулира со стратегиите за дигитализација и за медиуми, најави Ковачевски

Редакција

Лажни сите дојави за бомби во училиштата во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струшко

Редакција

Рекорд: Лани во светот потрошени 2.240 милијарди долари за воени трошоци

Редакција