еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Нема да ја нападнеме Русија, но Украина не е подготвена да отстапи ниту еден дел од својата територија, вели Зеленски

Киев не планира да ја нападне територијата на Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Знам дека луѓето во САД или некој во Белата куќа вели дека би можеле да искористиме американските повеќенеменски ракетни системи за да ја нападнеме Русија.

Видете, ние немаме планови да ја нападнеме Русија. Ние не сме заинтересирани за Руската Федерација и не се бориме за нивната територија, рече Зеленски во интервју за американската телевизија „Њузмакс“.

Тој посочи дека Украина не е подготвена да отстапи ниту еден дел од својата територија, бидејќи во прашање е нејзината независност и суверенитет, пренесува Тасс.

Зеленски во интервјуто за „Њузмакс“ додаде дека, сепак, има проблеми околу одредени територии и оти може да се разговара за детали.

-Неопходни се преговори за да се решат овие проблеми и предизвици преку дипломатски канали, рече Зеленски.

МИА/Фото: Фејсбук/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поевтинува мазутот, цените на другите горива остануваат исти

Редакција

Нема да има амбасадори со двојно државјанство, власта го повлече предлогот

Редакција

Убава вест: Оздравени 396 заболени од Ковид-19

Редакција