еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Мицотакис: Да не се прескокне редот за ЕУ перспективата на регионот- прв приоритет решение меѓу Бугарија и Македонија

За евентуалната ЕУ перспектива на Украина и Молдавија, меѓу другото, говореше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на дискусија во рамките на 27-от Конгрес на Европската народна партија во Ротердам, каде што истакна дека сепак не смее да се попречи редот, да не се заборави Западен Балкан, посочувајќи дека прв приоритет е решавање на прашањето меѓу С.Македонија и Бугарија за да започнат преговорите со ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека за еден месец ќе се одржи дебатата за идното членство на Молдавија и Украина во Европската унија, потенцираше дека дискусијата „нема да биде лесна, бидејќи веќе чувствуваме дека има различни ставови во Европскиот совет“, но и дека го очекуваат мислењето на Европската комисија.

Додаде дека „ако навистина постои свет пред и по 24 февруари, ова мора да биде земено предвид кога размислуваме во однос на тоа колку сакаме да бидеме отворени за да им понудиме кандидатски статус на овие земји“.

-Од друга страна, не смееме да го заборавиме Западен Балкан. Ова е тема што длабоко не допира. Треба да бидеме сигурни дека нема да испратиме сигнал дека редот е попречен.

И првиот приоритет што го имаме во овој поглед е да обезбедиме решение на отвореното прашање меѓу Бугарија и С.Македонија, за да можеме, како Европска Унија, да ги започнеме релевантните преговори со С.Македонија и Албанија, рече Мицотакис.

Посочи дека мора да се препозна уникатноста на она што се случи во Украина, но без да се заборави фактот дека има и други земји во овој процес.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лидерот на МАЕИ, Стерјовски: Македонците во Албанија последните години се соочуваат со агресивна политика од Бугарија за нивна асимилација

Редакција

Нови 454 случаи на Ковид-19 од 3.019 тестирања, бројката на активни се зголеми на 8.039

Редакција

Инспекторот Волканоски го сподели своето искуство со Ковид-19: “Вирусот се искраде“

Редакција