еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во внатрешните делови на бродовите и во такси во Грција маската останува задолжителна

Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција на вчерашниот состанок донела препорака маската и понатаму да биде задолжителна во внатрешните делови на бродовите и траектите, во такси возилата, како и во аптеките, препорака прифатена од грчката Влада, јави дписничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека за бродовите и траектите маската не е задолжителна во надворешните делови, а задолжителна во внатрешните, за такси возилата е задолжителна и за возачите и за патниците, а за аптеките и за врабтените и за клиентите.

Додават дека деталите ќе бидат објаснети во министерската одлука што дополнително ќе биде објавена во Службен весник.

Маската во затворените простори во Грција од вчера повеќе не е задолжителна, со исклучок на болниците, домовите за стари лица и јавниот превоз, како и такси возилата, внатрешните делови на бродовите и апеките.

Одуката е привремена и важи до 15 септември 2022 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат денеска до 16 часот

Редакција

Македонската компанија АТС Гроуп инвестира 100 милиони долари во изградна на нова фабрика за малокалибарска муниција во Тексас, САД

Редакција

Драстично зголемување: Азил во ЕУ побарале лани побарале 4.4922 македонски граѓани, а 1.230 во 2020 година

Редакција