еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поскапуваат од половина до 2,5 денари

Бензинот Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар по литар, бензинот Еуросупер БС-98 за 0,50 денари, а Еуродизел (Д-Е V) за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 110 денари за литар, а 112 денари на Еуросупер БС – 98. Литар Еуродизел БС ќе чини 102 денари, а Естра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 99,50 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,868 ден/кг и килограм ќе се продава за 55,508 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемени е за 1,30  проценти во однос на одлуката од 3-ти месецов.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,179 проценти, кај дизелот за 1,697 проценти, кај екстра лесното масло за 1,673 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 0,482 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,009 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна исплатата и на аптеките, од утре средства на сметките, велат од ФЗО

Редакција

Во Битола ќе се одржи осумчасовен музички маратон

Редакција

Апелацискиот суд ја одби жалбата: Орце Камчев останува без пасош

Редакција