еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Љупчо Димовски избран за нов претседател на Социјалистичката партија на Македонија

Актуелниот пратеник Љупчо Димовски е избран за нов претседател на Социјалистичката партија на Македонија.

Димовски, која досега беше генерален секретар на партијата бил избран едногласно од делегатите на деветтиот Конгрес на партијата што се одржа во Кратово.

Димовски доаѓа на местото на Љубисав Иванов Ѕинго, кој неодамна почина, а претходно 25 години беше на чело на партијата.

Тој  е дипломиран економист, роден во Велес на 9 април, 1959 година.

Димовски досега извршувал повеќе функции. Бил генерален директор на ЈП „Паркови зеленило“-Скопје, потоа заменик министер за транспорт и врски и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Фото: Фејсбук/Социјалистичка партија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синот на Ахмети влегол во бизнисот со енергетика со пари што ги спечалил во швајцарска фирма, тврди лидерот на ДУИ

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за распуштање на Собранието на 12 февруари ако тоа не го направи власта

Редакција

Компаниите кои ќе одгледуваат канабис, 10% од нето-добивката ќе ја уплатуваат во Буџетот

Редакција