еМагазин
Image default
Македонија

„Фашизмот мора да падне“: Левица за утре организира протест за ослободување на Ламбе Алабаковски

Згрозени од неоврховизмот на актуелната власт и министерот Оливер Спасовски, кој веднаш побара притвор за палењето на фашистичкиот клуб, Локалниот огранок на Левица во Битола повикува на протест за ослободување на Ламбе Алабаковски, информираат од Левица.

“Протестот е закажан за утре, (среда 08.06.2022 година) пред Полициската станица во Битола, во 18:00 часот.

Бараме отфрлање на кривичната пријава поднесена против Ламбе Алабаковски.

Бараме итно процесуирање на кривичната пријава на Левица против претседателот на клубот „Ванчо Михајлов”, поради излагање на подбив на македонскиот народ и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

Бараме Министерството за надворешни работи да врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор во Република Македонија, поради континуирано негирање на македонскиот народ, кое кулминираше со отворањето на клуб во чест на крвникот на македонската кауза, Ванчо Михајлов.

Ја повикуваме целокупната здраворазумна јавност, Битолчани и Битолчанки, кои се гордеат со антифашистичкото минато на градот на Стив Наумов, да покажат дека Битола е град на антифашизмот“, велат од Левица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот Димитриевски: “Денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот“

Ламбе Алабаковски ги “запали“ социјалните мрежи

Пејачот Ламбе Алабаковски признал дека го подметнал пожарот на влезната врата на центарот „Иван Михајлов“ во Битола  

Фото: Левица/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 5.042: Од Ковид-19 починаа 26 лица

Редакција

Нови 178 случаи со Ковид-19, четворица починати и 592 оздравени

Редакција

Владата не се меша во работата на ИВЗ, велат од таму за обвинувањата на Реџепи

Редакција