еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ отвара катедри во Свети Николе, наставата ќе биде на англиски

Бугарската Влада денеска му одобри на Универзитетот „Св. Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново да отвори катедри во Свети Николе.

Според најавите од Софија, на катедрите ќе се подготвуваат студенти за магистратура од областите на Филологијата, Науки за земјата и Информатиката и компјутерски науки.

– Овие области се избрани во согласност со потребите на регионот од висококвалификувани специјалисти за одредени професии, соопшти бугарската Влада.

Наставата ќе се изведува на англиски јазик, а дипломата ќе гласи дека е издадена од Универзитетот во Велико Трново. Отворањето на катедрите е на иницијатива на ректорот на великотрновскиот Универзитет.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трето издание на Охридскиот вински фестивал од 27 до 29. јуни

Редакција

На почеток сме од објавувањето на скандалите на владата на ДУИ, подржана од СДСМ, вели Мицкоски

Редакција

Македонските граѓани ќе може да донираат средства за настраданите во Бејрут преку сметка и телефонски броеви

Редакција