По повод експлозијата во пристаништето во Бејрут, главниот град на Либан, Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучува кон хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население, информираат од таму.
Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на:
– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либан.
-Како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400.
Средствата можат да се донираат од 07.08.2020 до 20.08.2020 година и истите ќе бидат префрлени на Црвен крст Либан за настраданото население во Бејрут.
Од Црвениот крст на Република Северна Македонија изразуваат длабоко сочувство за жртвите и нивните семејства во разорната експлозија во Бејрут.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Снимка од дрон ја открива катастрофата по експлозијата во Бејрут