Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, за периодот од 6 август до 21 октомври.
За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
“Во периодот од 6.08 до 21.10.2021 година на територија на државата починале 1.506 лица со Ковид-19, 1.246 пациенти, односно 83% од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17% примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SarsCoV2“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Табела) Колку граѓани во Македонија се вакцинирани со кинеските вакцини „Синофарм“ и „Синовак“
17 лица кои починале од Ковид-19 минатата недела биле вакцинирани со Синофарм
Фото: МЗ