еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Какви хронични заболувања имале вакцинираните лица кои минатата недела починале од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) информира дека неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со Ковид-19, кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани.

За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

Во периодот од 08.10-14.10.2021 година, починале 105 пациенти со Ковид-19, од кои 26 биле вакцинирани.

Во продолжение информации за возраста и хроничните заболувања што ги имале овие 26. пациенти.

8 октомври. Пријавени за починати се 16 пациенти со Ковид-19, 5 од починатите биле вакцинирани: 84 години – кардиолошко заболување, 62 год. – кардиолошко заболување, 78 год. – кардиолошко заболување, 63 год. – кардиолошко заболување и дијабет и 73 год. – кардиолошко заболување и дијабет.

9 октомври. Пријавени за починати се 18 пациенти, само 1 од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања – дијабет и кардиолошко заболување.

10 октомври. 14 пациенти се пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани: 64 год. – кардиолошко и малигно заболување, 59 год. со кардиолошко заболување и  68 год. – кардиолошко заболување и дијабет.

11 октомври. 18 пациенти се пријавени за починати, од нив 6 вакцинирани: 72 год. – кардиолошка и белодробна болест, 69 год. – кардиолошка болест, 81 год. – кардиолошка болест и дијабет, 76 год. – кардиолошка болест, 64 год. – белодробно заболување и 56 год. – кардиолошко заболување.

12 октомври. 6 пациенти се пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години – нема хронично заболување.

13 октомври. 20 пријавени пациенти за починати, 8 вакцинирани: 61 год. – кардиолошко заболување и хипотироидизам, 80 год. – кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет, 77 год. – кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет, 48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет, 72 год. – кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување, 77 год. – кардиолошко и белодробно заболување, 78 год. – кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет и 71 год. – кардиолошко заболување.

14 октомври. 13 пријавени пациенти за починати, 4 вакцинирани: 75 год. – кардиолошко заболување, 74 год. – кардиолошко заболување и дијабет, 64 год. – кардиолошко заболување и дијабет и 77 год. – невромускуларно заболување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 105 починати од Ковид-19 за една недела, 26 биле вакцинирани

17 лица кои починале од Ковид-19 минатата недела биле вакцинирани со Синофарм

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Тие што се против ги апсат: И Русите се против војна со Украина, властите не ги спречија да протестираат

Редакција

На опозицијата ќе и фали пратеник: Реџепи од БЕСА нема да учествува на собраниската седница за гласање недоверба на Владата

Редакција

Девет починале во април: Од Ковид-19 починаа 18 лица, најмладиот на 41-годишна возраст

Редакција