еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Граѓаните што се вакцинирани со Синовак и Синофарм, трета доза може да примаат по три месеци од ревакцина

Националниот Комитет за имунизација денеска донесе одлука според која граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација.

-Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата.

За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, Фајзер, АстраЗенека или Спутник В, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од ревакцинација.

Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат. Вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни, укажуваме на важноста на вакцинација.

Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, информираат од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

17 лица кои починале од Ковид-19 минатата недела биле вакцинирани со Синофарм

Од 105 починати од Ковид-19 за една недела, 26 биле вакцинирани

Детален преглед: Какви хронични заболувања имале вакцинираните лица кои минатата недела починале од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли смена на министри на АА, поради несогласувањето на Таравари и Села?

Редакција

Бремена жена и дете меѓу повредените во трагедијата во Романовце

Редакција

За викендот нестабилно време со дожд, грмежи и ветер

Редакција