Под влијание на влажна и нестабилна маса денеска попладне и за време на викендов времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.
Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.