еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски

Тринаесет години затвор му одреди Судечкиот совет на обвинетиот Насер Ештрефи во случајот со убиството на Ангел Петковски.

Во изречената казната затвор се пресметува и времето кое обвинетиот го има поминато во притвор и секое лишување од слобода, а кое изнесува нецели седум години.

Судечкиот совет при изрекувањето на пресудата информира дека му било многу тешко да ја донесе оваа одлука, бидејќи се работи за два млади животи од кои едниот го загубил, а на другиот му бил прекинат со издржувањето на казната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ниту една казна не може да ни го надомести синот, изјавија на судењето родителите на убиениот Ангел Петковски

Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, од Судот побара на обвинетиот да му се изрече мерка притвор, додека бранителот на обвинетиот Иванка Јакимовска, побара мерка куќен притвор, по што Судот одлучи мерката притвор спрема обвинетиот Насер Ештрефи да се продолжи до правосилноста на пресудата, односно до отпочнувањето на издржувањето казна затвор.

Убиството на Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014-та година, во населбата Ѓорче Петров.

Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ештрефи од скопското село Грчец.

Обвинетиот Насер Ештрефи, претходно, со одлука на Основниот кривичен суд Скопје, потврдена од скопска Апелација, беше осуден на 14-годишна затворска казна. Одлуките ги укина Врховниот суд и судењето против обвинетиот Ештрефи беше вратено на повторно одлучување.

Во рамките на повторното одлучување, по седум години од убиството на Петковски, на 4 март оваа година, беше извршена реконструкција кај Очната клиника во Ѓорче Петров, по одлука на Основниот кривичен суд Скопје, а на барање на одбраната на обвинетиот.

Случајот го водеше судијката Диана Груевска-Илиевска, а застапник на обвинението беше јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за млади и спорт склучи договор со „Конструктор“ вреден 1,3 милион евра

Редакција

(Галерија) На Бадник кај Иванови

Редакција

Армијата се вклучи во гаснење на пожарите

Редакција