еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка стана прва македонска банка која презема банка во странство

Комерцијална банка АД Скопје стана првата македонска банка која учестува во преземање на банка во странство.

Имено како што соопштија вчера од таму, Банката заедно со Групацијата Балфин од грчката Пиреус банка ја преземааат албанската Тирана банка, првата приватна банка.

Балфин ќе поседува мнозинство од овие акции.

Балфин има огромно инвестициско портфолио во земји како Албанија, Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Австрија и Обединетото Кралство, кое заедно со Тирана банка достигнува скоро 1,4 милијарди американски долари.

Комерцијална банка е често наградувана банка во Република Македонија со водечки пазарен удел во корпоративното кредитирање, малопродажбата и развивање на нови производи користејќи интернет платформи. Со вкупна актива од над 1,73 милијарди евра Комерцијална банка АД Скопје е една од најголемите банки во Југоисточна Европа.

Фото: Wikimapia.org

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љупчо Коцевски избран за нов државен јавен обвинител

Редакција

Помеѓу настраданите во автобуската несреќа во Бугарија има повеќе членови на едно семејство, најмладата меѓу нив имала 16 години

Редакција

Дирекцијата за заштита на личните податоци е против увидот на УЈП во сметките на граѓаните

Редакција