Канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц пристигна во Скопје во официјална посета на Македонија.
Шолц и неговата делегација на платото пред Владата ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести. Според агендата, после церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба со Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации. Официјалната посета на Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со Ковачевски.
Шолц вчера беше во Белград, а по Скопје, денеска патува и во Софија.
Фото/видео: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.