еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во рамковната позиција на Бугарија, еден од трите услови на Петков за да се тргне ветото

Очекувано, деновиве кога требаше да има некаков епилог за спорот кој Бугарија и го наметна на Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, работите повторно се заплеткуваат, што покажува дека Бугарија не не сака во ЕУ, иако го тврди спротивното.

Бугарскиот премиер Кирил Петков соопшти три услови, кои Македонија треба да ги исполни за да се тргне ветото, а тоа се почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот Парламент, вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија за да се заштитат нивните права и трето, да се спроведе Договорот за добрососедство.

Дополнително партијата Има таков народ ја напушти Владата, па Бугарија пак има проблем со парламентарното мнозинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петков има три услови за Македонија, Вархеји сака договор во јуни

Ѓорги Спасов за трите услови на Петков: Сите барања треба да им бидат вратени по пошта со назнака “погрешна адреса“

Што пишува во рамковната позиција на Бугарија за Македонија

Треба да се напомене дека Бугарија бара Бугарите во Македонија да влезат во македонскиот Устав како народ, основоположник на државата, Македонија, а не како малцинство, иако нивниот број со последниот попис од лани е околу 3.500 лица.

Бугарија бара и спроведување на Договорот за доброседство, иако таа не го почитува истиот и изминативе години го прекрши неколку пати, а со истиот сака наместо заедничка историја, да наметне дека Македонија до 1944 година нема своја, туку бугарска историја.

Рамковната позиција пак е речиси иста како скандалозната Декларација за Македонија, исто така усвоена во бугарскиот Параламент и поддржана од сите партии. Истата содржи околу 20 барања, а образложени во едно истите значат: Македонците треба да признаат дека биле Бугари до 1944 година.

Во неа меѓудругото се бараат конкретни резултати на Заедничката комисија за историја и образование во однос на заедничката историја до 1944 година, вклучително и договор за Гоце Делчев, ВМОРО-ВМРО и Илинденско-Преображенското востание, отстранување на спорните плочи и заедничко славање на настани и личности.

Се бара и усогласување на учебниците по историја и текстовите за случувањата во 19 и 20 век да се презенитираат на јазичната норма на која се оригинално напишани.

Од Македонија се бара и „да ги информира земјите-членки на Обединетите нации придружувањето кон амадманите на Уставот во согласност со Договорот од Преспа да се спроведува паралелно со строго придржување на Договорот со Бугарија во целост, вклучително и и во однос на јазичната клаузула на договорот“.

Се бара и наместо „македонски јазик“ да се употребува фразата службен јазик на „Република Северна Македонија“. Во случај на апсолутна потреба на користење на терминот македонски јазик во документите и и позициите на ЕУ секојпат да се додаде фусноста дека е во согласност на Уставот на Република Северна Македонија. Треба да се наведе дека јазичната норма која е наведена како уставен јазик во Република Северна Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите дијалекти во поранешната југословенска република по нивната кодификација во 1944 година. Ниту еден документ не смее да смета за признавање на бугарската страна на постоење на т.н македонски јазик како различен од бугарскиот.

Од Македонија се бара и да се откаже од поддршка за постоење на македонско малцинство во Бугарија, дури и да побара од Советот на Европа (каде добија дури 16 пресуди во своја корист) да не им дава поддршка.

Се бара и “рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунистички режим репресирани поради бугарското самосознание“.

Има барања дури и за медиумите од кои се бара во никаков лош контекст да не се споменува Бугарија и лицата кои се самоидентификуваат како Бугари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Трите барања на Петков се ултранационалистички, не знам зошто воопшто преговараме

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тортевски се огласи за случајот Богоевски: „Пајо оставка веднаш, а другото во ОЈО“

Редакција

ЗНМ и ССНМ го осудија омаловажувачкиот однос на Јакимовски кон новинарите, чии што прашања ги нарече „смешни“

Редакција

УЈП ќе има пристап до приливите на банкарските сметки на граѓаните

Редакција