еМагазин
Image default
Македонија

Ѓорги Спасов за трите услови на Петков: Сите барања треба да им бидат вратени по пошта со назнака “погрешна адреса”

Аналитичарот Ѓорги Спасов, на Фејсбук ги коментира трите услови, кои бугарскиот премиер Кирил Петков ги бара, да Бугарија го тргне ветото за Македонија.

“Само три барања од Петков.

За да преживее владата на Кирил Петков од Бугарија тој испостави само три барања кон Македонија.

Да се почитувала Рамковната позиција на Бугарскиот парламент во која се содржани 100 непристојни барања кон Македонија.

Да се внесат Бугарите во преамбулата на Уставот на нашата земја.

Да сме го почитувале Договорот за добрососедство така како што тие го разбрале и толкуваат.

По ова, можеби ќе преживее малцинската влада на Петков, ама нема да преживее надежта дека тој носи нешто ново во бугарската политика.

Се исплаши тој од Генчовска, од Слави Трифонов и од Радев и сега дува во истата гајда наследена од Тодор Живков.

Сите барања треба да им бидат вратени по пошта со назнака: “погрешна адреса”.

И јуни ќе го преживееме.

Толку навикнавме на ембарга, блокади и уцени за членство во ЕУ што некоја брза или избрзана одлука може многу штетно да ни влијае врз здравјето“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петков има три услови за Македонија, Вархеји сака договор во јуни

Фото: Фејсбук/Спасов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 239 оздравени пациенти од корона вирусот

Редакција

Несовесни тиквешани предизвикале пожар во Рибарци откако запалиле корења од домати

Редакција

Кривична пријава градоначалникот на Зрновци за злоупотреба на служеба должност

Редакција