еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На 25 јуни трет Скопје Прајд, организаторите очекуваат безбеден марш

Љубовта е единствено нешто што може да го искористиме како алатка да го победиме насилството под кое се изложени разлилчните, дури кога и за другите владее мирот. Затоа што никој не смее да биде лишен од правото да сака или пак да биде прогонуван поради тоа што нивната љубов не е нормирана или под законот. Па затоа, заради тоа што љубовта мора да победи, повикуваме да излеземе за љубов, истакнаа од Национална мрежа против хомофобија и трансфобија на денешната прес-конференција за претстојниот Скопје Прајд.

Имено, годинашното издание на Скопје Прајд ќе се одржи во последната сабота од јуни, на 25-ти, под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“

Оваа година поради временските услови, собирањето за Прајдот ќе биде во 17 часот во Жена парк, а маршот низ улиците во Скопје ќе започне во 19:30 се до Стадионот на АРМ, каде ќе има и музичка програма.

Организаторите очекуваат безбеден марш, бидејќи, како што посочија на прес-конференцијата, оваа година имаат одлична соработка со МВР.

– Повторно ќе има еден безбеден Прајд каде сите што ќе дојдат ќе може да се чувствуваат безбедно и ќе можат да се борат за тоа што мислат дека е важно и да ни се придружат. На Скопје Прајд, годинава, како и секоја година, ги славиме сексуалниот и родовиот диверзитет и ја промовираме квир културата, нагласија од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Додадоа дека преку менханизмите кои како невладини организации ги имаат од претходно, мониторираат на дневно ниво говор на омраза и најавија оти ќе го забележуваат секој говор на омраза и ќе го известуваат Одделението за електронски криминал во МВР, се со цел, како што посочија, заедно со МВР што повеќе да работат на делот од безбедноста кој е најважен, а тоа е превенцијата.

– Очекуваме безбеден Прајд со кој ќе го искажеме нашиот протест, ќе ги истакнеме работите кои ние ги бараме како заедница и на крај да ја прославиме различноста и сето она што не прави убава шарена заедница, посочија организаторите.

Тие потенцираа дека е очигледна потребата се уште да го развиваат и практикуваат овој концепт на протест и на видливост.

Повеќе инфо за програмата и кој се ќе настапи ОВДЕ.

МИА/еМагазин/Фото: Национална мрежа против хомофобија и трансфобија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 77 оздравени од Ковид-19

Редакција

Петков вели оти било многу важно да продолжи конструктивниот дијалог со Македонија

Редакција

(Фото) Кај кого се падна паричката во семејствата на Шекеринска, Филипче, Дескоска, Анѓушев…

Редакција