еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поскапуваат за 1,5 денари, а дизелот за три

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 ден/лит, а на Еуродизел (Д-Е V) за 3,00 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 е 111,50 денари, на Еуросупер БС – 98 е 113,50, а на Еуродизел БС (Д-Е V) 107,50 денари за литар.

За 2,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе чини 105 денари.

Се зголемува цената и на Мазутот М-1 НС за 0,809 денари и еден килограм ќе с епродава за 56,317 денари.

Според Регулаторната комисија за енергетика, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,249%, кај дизелот за 3,681%, кај екстра лесното масло за 3,681% и кај мазутот зголемувањето е за 1,405%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,049%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аџанак баџанак: Килав старт на Антикорупциската комисија

Редакција

Семејството Костовски ќе го обнови култниот ресторан „Кермес“ во скопскиот Градски парк

Редакција

Браво: Доставени првите 300 заштитни маски со визири за медицинските работници

Редакција