еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нови огласи: Над 3 хектари државно земјиште им се ставаат на располагање на земјоделците

Владата на својата денешна 52. седница донесе одлука со која се распишуваат два нови јавни огласи за доделување на државно земјоделско земјиште над 3 хектари.

Вкупно, на двата јавни огласи, на располагање се ставаат 3.769 хектари државно земјоделско земјиште.

Намената на земјиштето кое се дава под закуп за првиот јавен оглас е одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна (житни, фуражни и индустриски култури) за период до 15 години.

Вкупната површина за земјоделско земјиште, која се става на располагање во овој оглас е 529 хектари, распоредени во десет региони низ државата: Берово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Штип.

Минималната површина на земјоделското земјиште во државна сопственост која може да се даде во закуп на еден учесник за овој јавен оглас изнесува 3 хектари доколку понудувачот достави потврда од овластена ветеринарна станица за располагање со најмалку 5 грла говеда или копитари, односно 50 овци или кози, односно 20 свињи, односно 500 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки.

Максимална површина на која за овој јавен оглас еден учесник може да аплицира изнесува 20 хектари.

Вториот јавен оглас за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари е со предвидена намена за подигнување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Вкупната површина која со овој јавен оглас се дава под закуп изнесува 3.240 хектари, распределени во 22 региони низ државата: Берово, Валандово, Виница, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Куманово, Кавадарци, Неготино, Струга, Струмица, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Велес, Штип и Чаир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од Обвинителството за групната тепачка во Кавадарци во која е убиен маж

Редакција

Во последните три дена 210 нови случаи на Ковид-19, направени се 4.620 тестови

Редакција

Екстремисти планираат насилни протести во Србија

Редакција