еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Монасите и монахињите од Бигорскиот и Рајчичкиот манастир ќе го искачуваат Голем Крчин и на врвот ќе има литургија

Монасите и монахињите од Бигорскиот и Рајчичкиот манастир, и оваа година со особена радост  информираат, а воедно и покануваат да бидете дел од еден несекојдневен по својата убавина настан, кој од година во година привлекува огромен број на љубители на духовноста и планините – искачување на врвот Голем Крчин, во недела.

„Исто како и минатата година, наша цел е на врвот на Голем Крчин, односно на местото на остатоците од поранешниот храм посветен на празникот Преображение, рано наутро да отслужиме Света Литургија и да се обидеме да ги видиме висините низ една друга перспектива.

Оваа година, заради обезбедување на групата ќе биде присутна и Единица за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид. Меѓу другото, ги замолуваме сите планинарски и алпинистички клубови кои ќе земат учество, да пријават и лиценцирани планинарски водичи, со официјално призната лиценца од ФПСМ или МАИВП. Координатор на сите водичи ќе биде лице од манастирот“, се вели во соопштението.

Патеката е со средна тежина и трае околу 4 часа. Попатни кратки одмори на места каде што има извори со вода, од кои последниот е на средината од патеката, односно кај првата црква.

извор и фото: bigorski.org.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: „Медена земја“ номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“

Редакција

Започнува „НЛБ Месецот на штедење“: Ликовен конкурс за деца и иновациски награден предизвик за основните училишта

Редакција

Отворен првиот контакт центар за глуви и наглуви

Редакција