еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) цената на бензините ќе се намали за 1,5 денари, а цената на дизелот ќе се зголеми за 0,5 денари, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Новите цени на нафтените деривати, како што кажа, се должат на фактот што во текот на изминатата недела за речиси два денари се зголеми курсот на доларот и достигна над 59 денари за еден долар.

-Курсот на доларот прави притисок, бидејќи се зголеми од 57 на 59 денари. Со последната методологија РКЕ гои презема податоците од Медитеранската берза,како што тоа го прават и Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Италија и Грција, за секој дериват посебно.

Тоа што се случува на светски берзи за брент суровата нафта ние не го земаме во пресметките. Како земја која нема рафинерија ги земаме готовите производи, посебно за дизелот, посебно за бензините, посебно за екстра лесното масло и посебно за мазутот, појасни Бислимоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Согласно новите цени што ќе важат од полноќ, „Еуросупер БС-95“ ќе чини 110 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 112, а дизел (Д-Е V) за 110 денари за литар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Бисломоски, кој е реизбран за претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Редакција

За надоместоци на менаџментот на ЗК Пелегонија лани над 4 милиони денари

Редакција

МНР му одговори на Ковачев: Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Македонија

Редакција