еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ставот на Владата за преговарачката рамка е билатералните прашања да се решаваат билатерално, тврди Ковачевски

Нашиот став како Влада е дека преговарачката рамка треба да биде мултилатерален документ што содржи рамка за преговарање во однос на пристапување кон ЕУ како организација на држави членки, додека билатералните прашања треба да се решаваат на билатерално ниво со државите со коишто тие постојат, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали земјава го има променето ставот дека нема да прифати билатералните прашања да влезат во преговарчаката рамка.

– Во однос на преговарачката рамка, преговарачката рамка е мултилатерален документ што треба да биде одобрен од сите земји членки на ЕУ и којшто потоа се доставува до земјата-кандидати.

Искуството е дека овој документ треба да одразува насока и правила според кои треба да се одвива процесот на преговарање, пристапување и отварање на различни поглавја како што се оди низ процесот, со цел да се усогласи државата со вклучувањето во однос на сите аспекти на ЕУ.

Со оглед на тоа дека нашиот пат кон евроинтегрциите и пред НАТО интеграцијата беа исполнети со билатерални прашања, прво со прашањето со Грција за што имаме Преспански договор и имаме втор Договор што се однесува на билатерални прашања со Бугарија и којшто е потишан со цел билатералните прашања да се решат, ние сме на став како Влада дека преговарачката рамка треба да биде мултилатерален документ во којшто се разговара, и во којшто се става рамка за преговарање во однос на пристапување кон ЕУ како организација на држави членки, а додека билатералните прашања треба да се решаваат на билатерално ниво со државите со кои тие постојат, рече Ковачевски на заедничата прес-конференција со финската колешка Сана Марин.

Тој додаде дека за решавање на билатералните прашања постојат и Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција и изрази надеж дека ЕУ ќе усвои преговарачка рамка која што ќе отсликува мултилатерален карактер на документот.

-Од решавањето на отворените прашања коишто постојат, а тоа го покажуваат искуствата на другите држави коишто пристапувале кон ЕУ, а имале отворени билатерални прашања со држави коишто веќе биле членки во Унијата, исто така, зависи и прогресот во делот на преговорите откако тие ќе отпочнат.

Така да, јас се надевам дека земјите членки на ЕУ и ние нормално како Влада дека ќе усвојат преговарачка рамка која што ќе отсликува мултилатерален карактер на документот, а додека од другата страна земјите во овој случај Република Бугарија со која што имаме билатерални отворени прашања, дека ќе биде на ниво на соседна држава која што сака да ја види другата соседна држава како полноправна членка на ЕУ, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Во однос на протоколот од бугарското МНР, Ковачевски изјави дека тој се уште не е пристигнат во нашето МНР.

–Сите документи за коишто зборувате и за коишто се зборува во јавноста коишто се однесувааат на одлуки коишто треба да се носат во Бугарија, се наоѓаат во нивното Собрание според тоа што се гледа од медиумите. А во однос на комуникација на документи и пристигнување, бидејќи имаше таква вест којашто беше излезена дека има документ којшто дошол во МНР на РСМ, не е точно дека дошол документ, вели премиерот Ковачевски.

Тој појасни дека протоколот не претставува посебен договор, туку е всушност статусот и понатамошни чекори кои треба да се преземат во однос на спроведувањето на Договорот за добрососедство, што го имаме со Бугарија и обврските коишто во тој Договор ги презеле и Северна Македонија и Бугарија.

-Протоколот е работа на Министерствата за надворешни работи и на експертските групи во однос на тоа до каде се стигнати со одредени прашања. Протоколот се потпишува на ниво на МНР и кажува што е постигнато досега и што е тоа што претстои во наредната фаза, вели премиерот Димитар Ковачевски.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска комисија ја запре постапката против кумановскиот градоначалник Димитриевски

Редакција

Бугарија нема нови услови за Македонија, но бара институциите да ја докажат „сериозноста со која ќе ги гонат злосторствата од омраза врз Бугарите“

Редакција

Војната во Украина ќе трае со години: Русија за одбраната ќе изводи речиси третина од буџетот за 2024 година

Редакција