еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Злоупотребениот џип на МВР за патување во Грција е донација

Од свои извори, еМагазин дознава дека службеното возило „Ренџ ровер дискавери спорт“ на Министерството за внатрешни работи, кое беше злоупотребено за патување во Грција е донација за министерството од Интернационалната организација за миграција (ИОМ).

еМагазин го контактираше и МВР за потврда или демант на оваа информација, но по повеќе од 24 часа не добивме никаков одговор, иако ни беше ветен истиот.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски поради овој скандал пред неколку дена најави дека ќе побара од Владата разрешување на директорот Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски.

Велковски според МВР го ангажирал возилото и член на неговото обезбедување за патување на неговата ќерка во Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руската Федерална агенција за биомедицина oткри нова опасна мутација на Kовид-19 која ја намалува ефикасноста на вакцините

Редакција

(Галерија) Рекордни 13.400 учесници на Виз Ер Скопски маратон: Кинејците најбрзи, Поп Арсова и Ивановски со најдобар резултат помеѓу македонските тркачи

Редакција

Ципрас се “спаси“, ќе “преживее“ ли и Договорот од Преспа?

Редакција