еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Мазутот поевтинува за денар, останатите горива со исти цени

Мазутот М-1 НС поевтинува за денар по килограм од ноќеска на полноќ, а нема промени кај малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

На денешната седница на РКЕ е донесена Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 проценти во однос на одлуката од вчера.

Новата цена на мазутот ќе изнесува 54,291 денар по килогра. Еуросупер БС – 95 и натаму ќе се продава за 110 денари по литар, а по 112 денари Еуросупер БС – 98. И литар Еуродизел БС (Д-Е V) ќе чини 110 денари, а 107 Екстра лесно 1 (ЕЛ-1).

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,186 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест за акционерите на Макпетрол, почнува исплатата на дивиденда

Редакција

Распишан оглас за вработување во Канцеларијата на премиерот Зоран Заев, плата до 37.631 денар

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Ефективни уставни измени после успешно завршени преговори и членство во ЕУ, тоа е последната и конечна позиција

Редакција