Лидерите на седумте најбогати земји во светот, на Г7 самитот во замокот Елмау на Баварските Алпи се пошегуваа на сметка на рускиот претседател Владимир Путин.
Пред фоторепортерите, британскиот премиер Борис Џонсон ги праша колегите дали треба да ги соблечат јакните.
Премиерот на Канада, Џастин Трудо му одговори: „да почекаат да заврши фотографирањето“.
Џонсон потоа низ смеа рече: „мора да им покажеме на сите дека сме посилни од Путин“.
„Јавање со голи гради“, возврати Трудо.
„Јавањето е најдобро“, рече претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, а Џонсон ѝ воврати дека и „мора да ги покажат градите“.
Фото: РТ/Видео: Daily Record
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.