еМагазин
Image default
Македонија

Пратеник снимал деколте на негова колешка, обвини Ковачевски во Собранието

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Собранието, за време на пратеничките прашања, кажа и дека пратеник снимал своја колешка на 15 сантиметри од деколтето, па јавно праша што ќе се прави со снимката.

„Ако се погледнат снимките само од вчерашниот ден, каде пратеник што во моментов додека зборам ми се смее, со мобилен телефон ја снима претседателката на Kомисијата за политички систем на 15 сантиметри од нејзиното деколте, јас се прашувам што ќе ѝ прави на таа снимка тој“, рече Ковачевски.

Тој алудираше на претседателката на Комисијата за политички систем, Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ, која за Фокус откри дека се работи за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јованчев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресудата за убиството на младиот Ангел Петковски ќе биде објавена на 26 март

Редакција

Сулејман Реџепи ја предупредил Владата: ИВЗ нема да го почитува полицискиот час

Редакција

„Рекет“ даден на оценка, се чека закажување рочиште

Редакција