еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Катица Ќулавкова за „францускиот предлог“: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување

Со реакција за финалниот “француски предлог“, на Фејсбук реагира академик Катица Ќулавкова.

-Имало само една фуснота дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Па колку пати треба да повторат за да биде уверливо дека според Бугарија, а сега и според ЕУ, македонскиот јазик не е природојазичен систем, туку дијалект на друг јазик, бугарскиот јазик?

Од 2017 го пишуваат истото во сите официјални документи, но вие се правите дека не е напишано, не читате, не реплицирате, не осудувате, не се повикувате на наука, не се повикувате на меѓународни конвенции. Штама.

Тврдат дека цела македонска средновековна историја е бугарска, пак ги затворате очите, ушите и устата. Тврдат дека сме вештачка творба, вие пак се правите недугави.

Последиците ќе бидат огромни, спротивни на поимот цивилизација, придобивките никакви, вие го уверувате народот и светот дека предлогот е одличен, подобар не може да биде!

Има ли крај агонијава? Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување. Ред вето, ред лага, ред вето, ред лага и така до бескрај, етноцидна, културоцидна стратегија против македонскиот народ!“, пишува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров: Владата го лаже народот – лага е дека историските прашања не се внесени во новиот предлог

Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка, тврди Маричиќ

Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски, сите наши идентитетски прашања се заштитени, тврди Ковачевски

Фото: Ќулавкова/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца оздравени од Ковид-19, вкупно до сега 150.126

Редакција

Починаа уште 32 лица од Ковид-19, вкупно 1.763

Редакција

Владата донела 14 одлуки за разрешувања, се разгледуваат уште најмалку десет

Редакција