еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Продолжува трендот на раст на угостителските услуги

Цените на угостителските услуги во јуни во споредба со мај годинава, се зголемени за 1,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1,9 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,7 проценти, Безалкохолни пијалаци за 0,4 проценти и Ноќевања за 0,3 проценти.

Според ДЗС, цените на угостителските услуги во јуни годинава во однос на јуни лани се зголемени за 11,2 проценти.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 7,7 проценти, додека во однос на декември 2021 година е зголемен за 6 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска сончево и топло до 32 степени, утрово студено, а во тек на ден сончево и топло

Редакција

Прилепчанецот Антонио Пандовски со трчање и пешачење планира да стигне до Манастирот Острог за да им помогне на децата со рак

Редакција

Прогресивниот синдикат на образование во ССМ бара линеарно зголемување на платите за најмалку 2.800 денари

Редакција