еМагазин
Image default
Свет

Британскиот премиер Борис Џонсон поднесе оставка

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата лидер на Конзервативната партија, по три бурни години на чело, обележани со Брегзит, Ковид и големи скандали.

Џонсон (58) објави дека ќе се повлече од функцијата по серијата оставки оваа недела од неговиот тим во знак на протест против неговото раководство, но ќе остане на функцијата премиер додека не се најде замена.

– Јасна е волјата на парламентарната Конзервативна партија да има нов лидер, изјави британскиот премиер Борис Џонсон објавувајќи ја својата оставка. Тој рече дека процесот на избор на тој нов лидер треба да започне сега, а распоредот ќе биде објавен следната недела.

– И јас денеска назначив Кабинет додека не дојде нов лидер. Поддршката за Џонсон се намали во изминативе денови поради обвиненијата дека тој ги игнорирал наводите за сексуално недолично однесување против член на партијата, Крис Пинчер.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хјуман рајтс воч документиралe „очигледни воени злосторства“ извршени од руските сили врз цивилите во Украина

Редакција

Хаотична ноќ во Франција поради убиство на тинејџер од полицијата: Приведени 1.000 демонстранти, запалени 1.350 автомобили, повредени 79 полицајци

Редакција

Русија: Реакцијата на светската заедница на потезите на Русија е хистерична и тоа е застрашување

Редакција