еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на одобренијата за градба во мај

Во мај годинава се издадени 323 одобренија за градење, што е за 7,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Полошкиот е регионот каде во мај годинава се издадени најмногу одобренија за градење – 87, по што следат Југоисточниот со 61 и Скопскиот со 51. Во останатите региони се евидентирани по над 20 одобренија.

Според издадените одобренија, предвидената вредност на објектите изнесува 4.305.833.000 денари, што е за 23,3 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 146 (45,2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 54 (16,7 отсто) од нискоградба и 123 (38,1 процент) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 323 објекти, на 147 (45,5  проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 176 (54.5 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 510 станови, со вкупна корисна површина од 49 178 метри квадратни. Најмногу од планираните станови се во Полошкиот регион, 223, од кои 193 се во Гостивар. Во Скопскиот регион, пак, со одбренијата од мај годинава се предвидени 193 стана, а гледано по општини најмногу се во Ѓорче Петров 67, во Чаир се планирани 40, а Гази Баба 10.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МЖ Инфраструктура со објаснување зошто се нашла на Листата на должници на УЈП

Редакција

Осигурување Македонија ја зголеми добивката

Редакција

Две жалби на тендерот за избор на надзор за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“

Редакција